
Фудбалерите на Манчестер сити се борат за титулата во Премиер лигата со Арсенал. Иако се чинеше дека Арсенал ќе биде тој што ќе се сопне, сепак Манчестер сити направи кикс пред неколку кола во гости кај Евертон.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Арсенал тоа го искористи и се врати на врвот на табелата, и два круга пред крајот на сезоната имаат се во свои раце.
Топчиите на својот терен овој викенд играат со Барнли, а победата ги доближува на чекор од остварување на соништата.
Се очекува секако лесна победа на Топџиите, додека Сити има многу потежок натпревар затоа што гостува кај Борнмут.
Ако двете екипи остварат победи, тогаш сѐ ќе се реши во последното коло кога Арсенал гостува кај Кристал Палас, а Ситидома игра со Астон Вила.
Неколку дена пред натпреварот со Борнмут се појавија големи вести во однос на кариерата на Пеп Гвардиола.
Имено, според информации од Италија, Гвардиола на крајот на сезоната заминува од Сити, а веќе е познато кој ќе го замени.
Станува збор за неговиот ученик, Енцо Мареска, кој претходно работеше во Челси, а на почетокот на годинава замина од оваа екипа.
Пред неколку дена Мареска разговараше со челниците на Наполи, но неговиот главен приоритет е да го преземе Manchester City.
„Бев во Англија седум или осум години и многу сум среќен таму, но кога сте тренер мора да бидете подготвени на разни ситуации.