Дома Фудбал Гвардиола потроши повеќе отколку сите дури 19 премиерлигаши заедно

Гвардиола потроши повеќе отколку сите дури 19 премиерлигаши заедно

Манчестер Сити во јануари за четири засилувања потроши 180 милиони фунти, останатите 19 премиерлигаши за нови играчи 177 милиони фунти!

Зимскиот трансфер период во Англија заврши, а во центарот на вниманието како целиот јануари така и последниот ден, односно 3 февруари, беше четирикратниот последователен шампион на Премиер лигата.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


„Граѓаните“ оваа сезона не им оди најдобро, моментално се петти на табелата со дури 15 бодови помалку од лидерот Ливерпул, што ја објаснува „лудата“ акција на менаџерот Пеп Гвардиола.

Не дека на „Етихад“ беа штедливи последниве години, далеку од тоа, но податокот што го објави „Би-Би-Си Спорт“ на последниот ден од трансфер периодот навистина е неверојатен:

„Тимот кој го води Гвардиола во јануари потроши 180 милиони фунти за четири засилувања, додека останатите 19 премиерлигаши потрошија 177 милиони фунти за нови играчи!“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лејтон Ориент му даде гол на Манчестер сити од половина терен! (Видео)

Екипата на Манчестер сити во натпреварот против Лејтон Ориент од ФА Куп прими еден нескојд…