Дома Фудбал Гвардиола: Мораме да му ги вратиме на Грилиш пеперутките во стомакот

Гвардиола: Мораме да му ги вратиме на Грилиш пеперутките во стомакот

На прес-конференцијата, тренерот Пеп Гвардиола се фокусираше на отсуството на Џек Грилиш од тимот кој патува во САД, и објасни ги причините за оваа одлука.

„Џек е извонреден играч, но одлучивме дека е подобро за него да остане во Англија и да се врати на нивото кое го покажа во сезоната кога освоивме требл, како и во кариерата во Астон Вила,“ рече Гвардиола.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Грилиш пристигна во Манчестер Сити летото 2021 година од Астон Вила за 117 милиони евра, и беше важен член на екипата која минатата година ја освои УЕФА Лигата на шампионите, Премиер лигата и ФА купот.

Сепак, во последните две сезони имаше многу мал учинок, со само четири постигнати голови во лигашките натпревари, а во минатата сезона само 16 пати беше стартер како прв избор во тимот.

„Без него би ни било потешко да го оствариме успехот, но вистината е дека немаше доволно минути на теренот во последните две сезони. Мораме да му го вратиме чувството на пеперутки во стомакот, желбата да игра на секои три дена и да го покаже својот квалитет,“ заклучи Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Само реми за Реал на дебито на Чаби Алонсо

Чаби Алонсо дебитираше со реми против Ал Хилал на Светското клупско првенство. Младата над…