Дома Фудбал Говото: Се е спремно за потписот на Ван Дајк

Говото: Се е спремно за потписот на Ван Дајк

Сите детали за новиот договор на Вирџил ван Дајк со Ливерпул се утврдени и документите се одобрени од адвокатите на двете страни, објави трансферскиот експерт Фабрицио Романо. Останува само клубот официјално да ја потврди веста, како што направи вчера и со Мохамед Салах.

Контрактот на холанѓанецот исто така ќе биде на две години – до летото 2027 година. Големото прашање е дали клубот ќе ја објави веста уште овој викенд, или ќе го остави тоа за следната недела.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Така Ливерпул ќе го реши проблемот со двајца од тројцата клучни играчи во составот на Арне Слот, чии договори истекуваа. Единствено Трент Александер-Арнолд за сега изгледа дека ќе си замине летово и ќе премине во Реал Мадрид како слободен агент.

Според новинарот Марио Кортегана раководството на кралскиот клуб уште минатиот месец го информирало Карло Анчелоти дека англискиот репрезентативец е сигурно ново засилување на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона подготвува жалба поради судењето против Атлетико

Барселона подготвува жалба до Европската фудбалска унија (УЕФА) поради „судиски грешки“ на…