Дома Фудбал Голманот на Ливерпул имаше среќа: Повредата не е сериозна како што се мислеше!

Голманот на Ливерпул имаше среќа: Повредата не е сериозна како што се мислеше!

Повредата на голманот на Ливерпул, Мамардашвили не е толку сериозна како што пренесува The Athletic. Грузискиот репрезентативец се здоби со длабок посек на левото колено по судирот со Бета при победата од 2:1 во градското дерби со Евертон, и според информациите, ќе паузира меѓу две и четири недели.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во меѓувреме, самиот Мамардашвили на Инстаграм сподели фотографии од натпреварот, проследени со порака:

Фала му на Бога, сè е во ред. Ви благодарам на сите за поддршката и за тоа што сте со мене. Наскоро ќе се вратам. Го освоивме дербито и 3 важни бода.

На натпреварот со Евертон, 25-годишниот голман на грузиската репрезентација беше заменет од трет голман, Фреди Вудман, кој најверојатно ќе ја почне утакмицата на Енфилд против Кристал Палас во сабота.

Првиот голман, Алисон Бекер, кој исто така се лечи од повреда, ќе се обиде да се врати за дербито со Манчестер Јунјтед на „Олд Трафорд“, кое е закажано за 3 мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем скандал во Турција: Претседателот на Фенербахче осуден на затворска казна!

Претседателот на турскиот фудбалски гигант Фенербахче, Садетин Саран, е осуден на две и по…