Дома Фудбал Голман со свртен грб го чекаше пеналот на Рамос (Видео)

Голман со свртен грб го чекаше пеналот на Рамос (Видео)

Фудбалерите на Тигрес го победија Монтерej со резултат 2:1 во дерби натпреварот од 15-то коло на мексиканското првенство.

Домашниот тим дојде до победата на спектакуларен начин со голови во 90. и 95. минута!

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Стрелци беа Франсиско Кордова и Николас Ибањез, на огромна радост на навивачите на Тигрес, за победа против големиот градски ривал.

Гол за гостите, во 51. минута од пенал, постигна славниот Шпанец Серхио Рамос, и тоа по необичното однесување и провокација на голманот ривал, Аргентинецот Нахуел Гузман.

Голманот на домашните тим пред да ја даде судијата сигурност дека Рамос може да изведе удар се сврти со грб кон топката и остана така сè додека Шпанецот не доби „зелено светло“ да го изведе шутот.

Искусниот Рамос не се потроши од оваа дистракција, мирно го изведе пеналот и постигна гол.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фантастичен дефанзивец му бил понуден на Реал Мадрид, но Перез решил да не реагира

Марк Гехи беше понуден на Реал Мадрид уште во јануари, но шпанскиот гигант реши да не инте…