
Фудбалерите на Челси го победија Тотенхем со 1:0 вечерва на „Стемфорд Бриџ“ во натпреварот од 30 коло воп Премиер лигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Енцо Фернандез со глава во 50 минута по прецизниот центаршут на Кол Палмер.
Оваа победа има големо значење за Челси во борбата за Лигата на шампионите.
„Сините“ со оваа победа се вратија на четвртото место на табелата и се пред Манчестер сити кој е петтопласиран со 51 бод.
Тимот на Енцо Мареска ја продолжи доминацијата над градскиот ривал, остварувајќи ја четвртата последователна победа против Спарс, зголемувајќи го притисокот врз шефот на Тотенхем, Анге Постекоглу.