Дома Фудбал Голем удар за Интер пред реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите

Голем удар за Интер пред реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите

Интер во вторник ќе ја угостува Барселона во реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Не пристигнуваат добри вести за навивачите на италијанскиот гигант во однос на состојбата на ударниот играч на тимот, Лаутаро Мартинез.

Пред два дена го следевме одличниот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Барселона и Интер одиграа нерешено со резултат 3:3 и патникот за финалето ќе се одлучи на реванш натпреварот во Милано во вторник.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Пред реваншот, тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, се соочува со голем проблем. Речиси сигурно нема да може да смета на Лаутаро Мартинез, за што денес пишуваат медиумите во Италија.

„Лаутаро Мартинез утринава направи различни клиничките прегледи во Институтот Хуманитас во Розано”, истакнаа од клубот и додадоа:

„Утврдено е дека аргентинскиот напаѓач има истегнување на мускулите на флексорите на левото бедро. Неговата состојба ќе се следи од ден за ден.“

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уште една одлична вест за навивачите на Ливерпул – се подготвува нов важен потпис!

Фудбалскиот клуб Ливерпул ја заврши сезоната во Премиер лигата шампионски откако минатиот …