
Ракометниот клуб Војводина објави дека го раскина договорот со хрватскиот голман Филип Ивиќ поради неговото присуство на концертот на Марко Перковиќ Томпсон.
Ивиќ се приклучи на тимот на Војводина пред точно две недели доаѓајќи од Пелистер, а претходно во својата кариера настапуваше уште и за Загреб, Виве Киелце, Гумерзбах, Целје и Шамбери, додека како репрезентативец на Хрватска е уште од 2013 година.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Денес, Војводина издаде соопштение во кое ја образложи одлуката за раскинување на договорот.
“По повод присуството на Филип Ивиќ на собирот на Марко Перковиќ Томпсон!
Ракометниот клуб Војводина, како симбол на Нови Сад, Војводина и шампионска Србија, своето постоење го гради не само врз спортски успеси, туку и врз почит кон историјата, жртвите и вредностите кои гордо го формираат нашиот народ. За нас беше шокантно дознавањето дека голманот Филип Ивиќ присуствуваше на собирот на Марко Перковиќ Томпсон, настан што не е само музички концерт, туку открито угостување на идеи и симболи кои за српскиот народ се синоним за злосторствата.