Дома Фудбал Донарума има 10 конци на лицето, познато е колку ќе паузира

Донарума има 10 конци на лицето, познато е колку ќе паузира

Џанлуиџи Донарума синоќа на натпреварот против Монако претрпе страшна повреда на лицето. Ден по натпреварот пристигнуваат информации за состојбата на италијанскиот голман.

Синоќа дерби натпреварот во француската Лига 1 го играа ПСЖ и Монако, а парискиот клуб победи со 4:2.


Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓


Но, овој натпревар го обележи и една тешка повред која ја претрпе голманот на ПСЖ.

Италијанскиот голман беше заменет во 17. минута од натпреварот по удар од копачка во лицето.

Вилфред Синго се обиде да стигне до топката во казнениот простор на францускиот првак, но при тоа го удри италијанскиот голман.

Голманот на ПСЖ на тој начин претрпе повеќе повреди на лицето, а докторите мораа да стават дури 10 конци.

Интересно е што за ова Синго не доби ниту жолт картон, а подолу можете да видите како изгледа лицето на Италијанецот.

ПСЖ објави дека на голманот ќе му требаат неколку слободни денови за да се опорави по ова.

“Сакам да се извинам на Џанлуиџи Донарума. Очигледно беше ненамерно. Му посакувам брзо опоравување,” изјави Синго кој го повреди.

Инаку, по триумфот против Монако ПСЖ има 40 бодови, 10 повеќе од синоќешниот противник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ одбива нов договор и заминува од Јувентус?!

Иднината на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ во Јувентус е неизвесна, пишуваат италијанскит…