Во последниот летен трансфер период, една од областите која се очекуваше дека Барселона ќе ја засили со најголема итност беше средината на теренот. Единствениот природен првотимец на оваа позиција, Ориол Ромеу, го напушти каталонскиот клуб и Барселона се поврзуваше со повеќе фудбалер, но никој не пристигна Како што сега известува „Спорт“, поранешниот играч на Баерн Минхен и пријател на Ханзи Флик, Лотар Матеус, му препорача на својот сонародник да го доведе дефанзивниот играч за врска, Ангело Стилер.. Овој 23-годишник се поврзуваше со Барселона минатото лето, а сега Матеус тврди дека младиот фудбалер на ж Штутгарт одлично би се вклопил во играта на Барселона. „Стилер би се вклопил во Барселона поради неговиот стил на игра. Му верувам, и ако Барселона направи продажби, неговото потпишување би било возможно и логично.“ Матеус дополнително нагласи дека германскиот играч од средината има потенцијал да остави белег во каталонскиот клуб, додавајќи: „Стилер би можел да остави белег во Барселона и да ја организира нивната средина на теренот.“ Како што и Матеус спомена, Барселона ќе треба да продаде некого за да може да го доведе германскиот играч кој е проценет на 28 милиони евра. Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот?
↓↓↓
Германската легенда со совет до Барса – препорача засилување од 28 милиони евра: Тој е фудбалер кој може да направи разлика!
Коментари