Дома Актуелно Газдата се караше со навивачите па им забрани доаѓање на стадионот

Газдата се караше со навивачите па им забрани доаѓање на стадионот

Сопственикот на Јеовил Таун, Мартин Хелијер, објави дека ќе се повлече од местото претседател на клубот откако објави вест дека ќе го продаде клубот.

Откако објави дека ќе го продаде клубот, навивачите изразија незадоволство и тоа го покажаа со бројни навреди на социјалните мрежи. Неговата реакција беше да им забрани на навивачите влез на стадионот.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Двајца навивачи објавија на социјалните мрежи писма кои ги добија од клубот во кои беа известени дека им е забрането да доаѓаат на стадионот во наредните две години поради коментарите кои ги споделуваа на мрежите за претседателот Хелијер.

Хелијер е локален бизнисмен кој го купи Јеовил кога во мај 2023 година клубот наиде на проблеми. Но, откако прими бројни навреди, изјави дека ќе се повлече од местото претседател.

Тој ги повика навивачите да ја дадат својата поддршка на тимот и тренерот и додаде дека на оваа тема нема да има понатамошни коментари додека клубот не добие нов сопственик.

Кога Хелијер го презеде клубот, сè беше позитивно, клубот се врати во Националната лига, но во петокот беше објавено дека минатата сезона клубот имал загуби од 2,8 милиони фунти, што е долг што може да доведе до целосна катастрофа во клубовите кои се надвор од системот на лигата.

Навивачите често го критикуваа начинот на кој Хелијер го води клубот, а и нему не му беше непознато често и многу вулгарно да им одговори. А сега, некои од најгласните навивачи на Јеовил беа казнети затоа што, всушност, го користеле неговиот речник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Јокиќ држеше лекции во НБА – со 29 поени и 17 скокови му пресуди на Шарлот (Видео)

Денвер Нагетс продолжуваат со одличната серија во НБА-лигата, запишувајќи ја деветтата поб…