Реал Мадрид синоќа ја победи Мајорка со 3:0 и се пласира во финалето на шпанскиот Суперкуп, а на крајот од натпреварот не можеше без тензии. Во центарот на вниманието беа Винисиус Жуниор и Пабло Мафео, но во Мајорка беа особено лути на еден играч на кралскиот клуб.
Кралскиот клуб успеа да ја победи Мајорка со 3:0 и да се пласира во финалето на шпанскиот Суперкуп, каде во недела ќе се бори за трофејот против најголемиот ривал – Барселона.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Сепак, натпреварот помеѓу Реал и Мајорка не можеше да помине без тензии, а повторно еден од главните учесници во тоа беше Винисиус Жуниор, кој, се чини, директниот црвен картон што го доби неодамна против Валенсија воопшто не го вразуми.
Винисиус за време на натпреварот постојано водеа дуел со Мафео, а иако Карло Анчелоти во второто полувреме го изваде од игра, бразилскиот играч по натпреварот повторно беше во центарот на вниманието поради искрите на теренот.
Сè „почна“ со Џуд Белингем кој по главата го удри Мафео, што на десниот бек на Мајорка воопшто не му се допадна и одлучи да возврати, а тоа предизвика општ хаос на теренот.
И Винисиус се тргна од клупата за резервни играчи да се пресмета со Мафео, а покрај него некако најактивен беше дефанзивецот Раул Асенсио кој се туркаше со неколку играчи на кралскиот клуб.
Во Мајорка не ги коментираа премногу Винисиус, откако изјавија дека се навикнати на таквото однесување на Бразилецот, но младиот Асенсио особено ги изненади со непристојното однесување, па одлучија да возвратат.
Пред камерите по натпреварот се појави Дани Родригез кој не го штедеше младиот дефанзивец на Реал Мадрид.
„Однесувањето на Асенсио е неприфатливо. Тој е дете кое е во Реал Мадрид и воопшто не знае како се освојуваат титули, а се однесува како да е легенда на клубот. Смешно“, изјави Родригез по натпреварот.
💥 Дани Родригез возразува на Асенсио: „Тоа е младич кој е две дена тука, не знае да победи“
— МАРКА (@marca) Јануари 9, 2025
📹 @JLAllegue92#superSupercopa pic.twitter.com/33F9v65pSr