Барселона утре игра против Реал Мадрид во финалниот натпревар на шпанскиот Суперкуп, а Ханси Флик се најде во голем проблем затоа што, според сè изгледа, нема да може да смета на еден од играчите кој сака да го напушти каталонскиот клуб.
Каталонците успеаа да го обезбедат пласманот во финалето на Суперкупот кое се игра во Саудиска Арабија, а за трофејот ќе се борат против најголемиот ривал Реал Мадрид.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Натпреварот меѓу Барселона и Реал се игра утревечер со почеток во 20 часот, а шпанските медиуми пишуваат дека Флик се најде во неочекуван проблем пред Ел Класико.
Флик сè уште не одлучил кој состав ќе го изведе на терен утре, а на прес-конференцијата призна дека има неколку дилеми кои ќе мора да ги реши до утрешниот натпревар.
Сепак, германскиот стратег има уште еден неочекуван проблем околу играчкиот кадар, затоа што шпанските медиуми наведуваат дека Роналд Араухо нема да биде во конкуренција за Ел Класико, и тоа не по одлука на Флик, туку по сопствена.
Познато е дека Араухо нема статус во Барселона како во претходните неколку сезони, каде беше незаменлив во одбраната и беше еден од капитените. Сепак, со доаѓањето на Флик, тоа се промени, најмногу поради фактот што Араухо пропушти скоро цел прв дел од сезоната поради повреда.
Кога се врати, очекуваше поголема минутажа, но Флик им даде предност на момците кои се докажаа додека Араухо беше надвор од теренот, и како што стојат работите, Уругваецот ќе ја напушти Барса до крајот на јануарскиот преоден рок.
Вечерва се појави информација дека Араухо одлучил утре да не биде на располагање на Флик за Ел Класико, затоа што очигледно и самиот е свесен дека е само прашање на време кога ќе го промени клубот.
🚨🚨| Роналд Араухо денес ги информирал капитените на Барселона дека неговата намера е да не го обнови договорот, да го напушти клубот и да се приклучи на Јувентус.
— Managing Barça (@ManagingBarca) January 11, 2025
Тој размислувал и да му каже на Ханси Флик дека не сака да игра во финалето на Суперкупот затоа што сака да си оди. @JoanFontes 🇺🇾⚠️⚠️ pic.twitter.com/zqEnVKHeMX