Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна дека играњето на голем број натпревари може да влијае негативно на фудбалерите и тимот. Вчера „граѓаните“ со високи 5:0 го победија Барнли, но Гвардиола тврди дека фудбалерите полека ја губат радоста од играта. „Проблемот е што фудбалерите ја изгубија радоста од играта. Порано игравме еднаш или два пати неделно пред публика. Сега на …