Дома Фудбал Англија ВАР поништи два гола на Ливерпул, Брајтон со гол од пенал во 93. минута дојде до бод ?

ВАР поништи два гола на Ливерпул, Брајтон со гол од пенал во 93. минута дојде до бод ?

Ливерпул денес не беше на некое високо ниво и освои само бод на гостувањето кај Брајтон (1:1).

„Црвените“ навистина се мачеа против секогаш незгодниот и цврст Брајтон. Ливерпул до водство стигна преку одличниот Диого Жота. После додавањето од Салах, Португалецот погоди за 1:0..


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Садио Мане влезе во игра место Салах, во 84. Минута успеа да ја смести топката во мрежата на домаќинот, но тој гол беше поништен поради офсајд. Во 20. минута Брајтон прмаши пенал.

Исто така на Ливерпул му беше поништен и гол во првото полувреме после проверка на ВАР. Салах беше во недозволена позиција.

На крај, видовме драма во судиското продолжение и нов пенал за Брајтон. Робертсон го удри Велбек во обид да ја исфрли топката, а после прегледувањето на ВАР беше досуден нов пенал кој го искористи Грос и ги постави конечните 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид доби одлична вест пред натпреварот против Билбао

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, најверојатно ќе се врати во тимот за претстојниот…