Дома Фудбал Англија Хет-трик на Марез, Сити со „петка“ го испрати Барнли ?

Хет-трик на Марез, Сити со „петка“ го испрати Барнли ?

Maнчестер Сити денес славеше убедлива победа против Барнли во рамките од 10. коло во Премиер лигата.

Убедливата победа на „граѓаните“ беше најавена уште во првото полувреме во кое постигнаа три гола. Два гола постигна Марез и еден Менди. Марез го отвори резултатот уште во 6. минута, а во 22. зголеми на 2:0. Менди пред крајот на полувремето погоди за 3:0.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После нешто повеќе од еден час Торес го постигна четвртиот гол, а само две минути подоцна Марез со хет-трик ги постави конечните 5:0. На 15 минути до крајот на мечот Сити постигна уште еден гол, но тој беше поништен поради офсајд.

Со овој триумф Сити дојде до 8. позиција на табелата после девет одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…