Македонкиот репрезентативец Езѓан Алиоски имаше деби од соништата за новиот клуб Ал Ахли. Алиоски дебитираше со гол на гостувањето кај Ал Хазем. Тој го одигра целиот натпревар, а во 78-та минута постигна гол. Ал Хазем имаше предност од 2:0, а на крајот тимот на Џани стигна до бод и мечот заврши 2:2.