ПСЖ минатата недела го ангажираше Лионел Меси, кој пристигна како слободен играч од Барселона.
Поради финансиски проблеми Барселона не успеа да му понуди нов договор на Меси, а Аргентинецот реши по првпат во кариерата да го промени клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меси се приклучи на ѕвездениот тим на ПСЖ, но легендарниот Тиери Анри не е импресиониран од тимот на „светците“.
„Меси не е одговор на проблемот кој го има ПСЖ. Играв со него во одлична екипа, но луѓето забораваат дека тогаш немавме многу голови. Екипите кои не примаат многу голови не се далеку од титулата, па и од Лигата на шампиони. Кога имате вонземјанин во тимот е полесно, но ПСЖ и понатаму го има тој проблем“, истакна Анри.