Легендарниот фудбалер на Лидс Норман Хантер почина на 76 години како последица од коронавирусот. Хантер минатата недела беше хоспитализиаран, а трагичната вест денес ја соопшти англискиот клуб. „Остави голема празнина во нашето семејство. Неговиот печат нема никогаш да биде заборавен“, објави Лидс на официјалниот сајт. Норман Хантер е вистинска легенда на Лидс со кој два пати беше шампион на Англија. …

