Дома Фудбал Англија „Њукасл ќе се врати на голема врата, ќе дојдат големи играчи“

„Њукасл ќе се врати на голема врата, ќе дојдат големи играчи“

Aнглиски Њукасл наскоро ќе добие нов сопственик.

Мајк Ешли одлучи да го продаде клубот после 13 години за 300 милиони фунти, а наскоро се ќе биде официјално. Нов сопственик на клубот ќе биде Мохамед Бин Салман.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Него ќе му припаднат 80% од клубот, а останатите 20 ќе се поделат на браќата Руебен. Поранешниот англиски репрезентативец и сега новинар на „Скај Спорт“ Џејми Редкнап го пофали доаѓањето на новите сопственици. Тој тврди дека во Њукасл сигурно ќе има големи вложувања за овој клуб да дојде до врвот во англискиот фудбал.

„Добра работа за Њукасл е што по оваа криза играчите ќе бидат поевтини. Њукасл ќе се врати на голема врата, ова за нив е одлична ситуација и следи убаво време за навивачите кои поминаа низ тешки моменти изминатите години. Ќе се вложува навистина многу, ќе дојдат големии играчи и Њукасл ќе се врати во врвот, таму каде што припаѓа“, истакна Реднкап.

Њукасл во минатото четири пати ја освојуваше титулата шампион на Англија. Меѓутоа скоро сите трофеи ги освои пред повеќе од еден век, последниот беше пред 93 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Готово: Покетино повеќе не е тренер на Челзи

Маурисио Покетино повеќе не е менаџер на Челзи, пренесе доброинформираниот новинар Фабрици…