Дома Фудбал Англија Криза? Тотенхем пред потпишување на најскапиот договор за продажба на име на еден стадион!

Криза? Тотенхем пред потпишување на најскапиот договор за продажба на име на еден стадион!

Тотенхем пред нешто повеќе од една година го одигра првиот натпревар на својот нов стадион.

Изградбата на стадионот клубот го чинеше милијарда фунти, но клубот во изминатиот период не пронајде спонзор за да ги продаде правата на името на стадионот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Како што пренесуваат англиските медиуми Тотенхем очекува ова да биде најголемиот договор од продажба на име на некој стадион во исотријата.

Наводно, Даниел Леви се договорил за сума од 250 милиони фунти за десет години што значи дека годишно Тотенхем ќе добива 25 милиони фунти.

Она што оди во прилог на Тотенхем е што на овој стадион може да се одржуваат и натпревари од НФЛ и разни концерти.

Останува да видиме дали ќе имаме и официјална потврда за ваквиот договор, тоа веројатно би се случило по продолжување на сезоната или во наредната во случај актуелната да се прекине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…