Дома Фудбал Англија Постигнат договор за намалување на платите на фудбалерите во Англија

Постигнат договор за намалување на платите на фудбалерите во Англија

Англиската фудбалска лига постигна договор со Професионалното здружение на фудбалери во земјата, што им овозможува на клубовите да ги намалат платите на играчите за 25% во април.

Мерката беше договорена откако фудбалот на Островот беше запрен на 13 март поради пандемија од коронавирус. Недостатокот на приход ги натера многу клубови да ослободат или испраќаат на задолжителен одмор дел од нивниот персонал, за да заштедат пари.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Англиската фудбалска лига, која ја управува Премиер лигата и сите три дивизии под неа, и Здружението на професионални фудбалери имаа неколку состаноци уште од почетокот на кризата, но не успеаја да постигнат договор за намалување на платата.

Страните се согласија дека мерката ќе важи за играчи кои заработуваат повеќе од 2.500 фунти месечно, а оние кои заработуваат до таа сума ќе продолжат да добиваат цела плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Марсијал со емотивно писмо се прости од Манчестер Јунајтед

После девет години заврши аваннтурата на Антони Марсијал во Манчестер Јунајтед, кој денес …