Дома Фудбал Англија Завршено е! Њукасл добива сопственик кој има контрола на богатство од 1.3 трилиони евра!!

Завршено е! Њукасл добива сопственик кој има контрола на богатство од 1.3 трилиони евра!!

Њукасл е новиот англиски клуб кој ќе оди во рацете на пребогатите арапски шеици и тоа во семејството на Бин Салман! Од попладнево на Островот на големо се пишува дека продажбата е скоро завршена и Мајк Ешли од продажбата ќе инкасира 390 милиони евра.

Зад купувањето на Њукасл стои Мохамед Бин Салман еден од најбогатите луѓе во светот. Саудискиот принц претходно се споменуваше како можен купувач на некој премиерлигаш. Прва опција беше Манчестер Јунајтед, но семејството Глејзер и понатаму не сака да го продаде.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Наводно постигнат е договор за купување на 80% од акциите на клубовите, 10 ќе бидат во сопственост на ПЦП Капитал Груп, а преостанатите 10 на британските бизнисмен браќата, Рубен.

Салман е познат како човек кој не штеди, неодамна купи јахта од 450 милиони евра, дворец во франција за 250 милиони евра и слика од Леонардо Да Винчи за 400 милиони евра. Тој во своја сопственост има кралско богатство кое се проценува на 1.3 трилиони евра!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гатузо пред нов ангажман во тренерската кариера

Поранешниот италијански фудбалер и денес тренер, Џенаро Гатузо е пред нов ангажман во трен…