Европскиот шампион и легендарен напаѓач на Црвена звезда – Дарко Панчев ѝ ја подари „Златната копачка“ на Црвена звезда за клубот да направи реплика, која во иднина ќе се наоѓа во Музејот на стадионот „Рајко Митиќ“. Македонската фудбалска легенда го заслужи престижното признание кое им се доделува на најдобрите стрелци во Европа во историската сезона 1990/91 година, кога Црвена звезда го постигна најголемиот успех. …