Фудбалерот на египетскиот прволигаш Модерн Фјучр и повремен репрезентативец починал во болница на 31-годишна возраст.
Рафат во последните месеци имаше проблеми со срцето откако доживеа срцев удар на терен. Срцето на фудбалерот ненадено престанало да чука денеска во раните утрински часови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Срцев удар Рафат доживеа за време на натпреварот против Ал Итихад и помина девет дена во кома. Третманите и опоравувањето давале позитивни сигнали, но сепак во последните часови состојбата му се влошила.
Од него се прости и Мохамед Салах кој му беше соиграч во репрезентацијата на Египет.
البقاء لله وربنا يصبر أهله وكل حبايبه 💔 pic.twitter.com/lkUBwtplcd
— Mohamed Salah (@MoSalah) July 6, 2024