Холандскиот прволигаш Витесе ќе згасне бидејќи нема доволно пари да ги исплати долговите, пренесуваат холандските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Постоеше последна шанса клубот да биде преземен од Гус Франк, сопственикот на „Аксиос партнерс“, фирма со седиште во Швајцарија, но тој се откажа и сега клубот е пред банкрот.
Извесно е дека Витесе ќе згасне бидејќи е во безизлезна ситуација. Холандскиот сојуз му ја одзема лиценцата за играње во прва и втора лига. Минатата сезона завршија како последнопласирани на табелата со само шест бода. Најголемиот успех во историјата на клубот е освојување на купот во 2017 година.
Според информациите на популарната страница „Трансфермаркт“, Витесе во овој момент има на располагање само 13 фудбалери, додека останатите си заминаа.