Кристијано Роналдо и Лионел Меси ги одбележаа претходните 15 години европски и светски фудбал, а станаа препознатливи како врвни изведувачи на пенали.
Сепак, има и двајца голмани кои одбранија пенали и на Аргентинецот и на португалскиот ас.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Роналдо промаши пенал во осминафиналето против Словенија во Германија. Голманот на Словенија, Јан Облак, за прв пат во кариерата од единаесет метри го запре еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и на тој начин ја спаси својата репрезентација, која подоцна сепак беше поразена по изведувањето пенали.
Облак е еден од голманите кои ги запреа Меси и Роналдо од белата точка, а вториот е Диего Алвеш, поранешниот голман на Валенсија.
Меси реализираше 24 од 29 пенали за репрезентацијата, додека Роналдо 20 од 28 пенали.