Српскиот тренер Синиша Михајловиќ, кој моментално е без ангажман после отказот во Торино би можел од лето да се пресели во Русија. Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека Михајловиќ е прв кандидат за кормилото на Зенит како замена за Роберто Манчини. Манчини на крајот на сезоната ќе го напушти рускиот клуб и ќе ја преземе италијанската репрезентација, а на негово место …