Дома Фудбал Флик предупредува: Фудбалот е луд спорт!

Флик предупредува: Фудбалот е луд спорт!

Барселона одигра скоро совршен натпревар против Борусија Дортмунд во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Каталонците славеа со резултат 4:0 и скоро сите веќе ги гледаат меѓу четирите најдобри екипи на Стариот континент.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сепак, Ханси Флик, стратегот на Барселона, не го дели тоа мислење.

„Не сме во полуфинале и тоа треба на сите да им биде јасно. Супер е што постигнавме четири гола, што игравме добро, но не ми се допаѓа атмосферата како да сме веќе во полуфинале. Фудбалот е луд спорт, се случувале и поголеми чуда. Затоа мора во реваншот да бидеме сериозни и внимателни,“ истакна Флик.

Кон крајот на натпреварот, германскиот стручњак го извади од игра Ламин Јамал поради повреда.

„Сѐ е во ред со Ламин. Одигра многу натпревари и нормално е да чувствува болка. Ќе биде подготвен за следниот натпревар,“ заклучи Флик.

Фото: FC Barcelona
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Родриго добил понуда сам да пише колку пари сака, но со неговиот потег ги остави сите без зборови

Бразилскиот фудбалер Родриго доби неверојатна понуда од Саудиска Арабија. Ал-Наср му понуд…