Дома Фудбал Флик јасен: Не сакам да зборувам за Реал Мадрид!

Флик јасен: Не сакам да зборувам за Реал Мадрид!

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, вешто го заобиколи прашањето за ситуацијата во Реал Мадрид и тренерот на овој тим, Чаби Алонсо. Како што е познато, Реал во последно време игра во слаба форма и е четири бода зад водечката Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанските медиуми објавуваат дека Алонсо би можел да биде на удар доколку Реал не го совлада Алавес, а тој натпревар е закажан за недела.

Флик на денешната прес-конференција пред утрешниот дуел на неговата Барселона против Осасуна избегна да ги коментира Чаби Алонсо и ситуацијата во Реал.

“Не сакам да зборувам за Реал Мадрид, само за Барселона, затоа сум тука. Дали фудбалот е неправеден кон тренерите, не би навлегувал во тоа сега”, изјави тој и додаде:

“Мене не ме загрижува Реал, само нашата ситуација ме интересира”.

Барса е лидер во Примера со четири бода повеќе, а Флик истакнува дека има многу натпревари што треба да се одиграат.

“Само што е почеток на декември, и можеме уште подобро. Среќни сме што сме водечки, но остануваме фокусирани до крајот на сезоната”, рече Флик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентина пак ја расплака Англија со епски пресврт и ќе ја брани титулата против Шпанија

Светскиот шампион Аргентина ќе има шанса да ја брани својата титула во финале против европ…