Дома Македонски спорт Eнис Барди осуден на четири месеци затворска казна поради лажна возачка дозвола

Eнис Барди осуден на четири месеци затворска казна поради лажна возачка дозвола

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди е осуден на затворска казна од траење од четири месеци од судот во Валенсија поради покажување на лажна возачка дозвола затоа што немал положено.

Шпанските медиуми објавија дека Македонецот го признал делото и е покајал затоа судот ја суспендирал затворската казна и истата ја заменил со условна казна во траење од две години. Во пресудата се напоменува дека казната ќе биде извршена ако Барди во следните 730 дена направи било друго кривично дело.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Полицијата ја открила лажната возачка дозвола лани во април кога Барди бил запрен со своето Порше Панамера во северниот дел на Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…