Дома Фудбал Останато Eден од најголемите стадиони во Бразил ќе се претвори во болница за пациенти заразени со Ковид-19

Eден од најголемите стадиони во Бразил ќе се претвори во болница за пациенти заразени со Ковид-19

Легендарниот бразилски стадион „Пакаембу“ кој го делат Сао Паоло, Палмеирас и Коринтијас ќе се претвори во болница за пациенти заболени со коронавирус.

Бразилските медиуми објавија дека стадионот ќе биде пренаменет во болница во рок од десет дена. Поволност на стадионот е што се наоѓа во близина на една од најголемите бразилски болници.

Идејата за вакво нешто дошла откако во болницата немало доволно кревети за болните. Инаку, доколку е потребно можно е сите стадиони на кои се играше Светското првенство во 2014 година да стана болници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн Минхен предлага рекордна плата на Мајкл Олисе, но преговорите се очекуваат да бидат сложени

Баерн Минхен се подготвува за тешки преговори околу продолжување на договорот на крилниот …