Дома Фудбал Евертон и официјално има нов тренер: Дејвид Мојс се врати по 12 години

Евертон и официјално има нов тренер: Дејвид Мојс се врати по 12 години

Шкотскиот фудбалски тренер Дејвид Мојс и официјално е именуван за нов тренер на фудбалерите на Евертон, соопшти англискиот премиерлигаш.

Искусниот тренер се врати на клупата на клубот од Ливерпул по 12 години и навивачите од него очекуваат повторно да го направи тимот респектабилен.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Advertisement

„Прекрасно е чувството да се вратам, уживав во 11 прекрасни и успешни години во Евертон и не се двоумев кога ми беше понудена можноста повторно да се придружам на овој голем клуб. Возбуден сум што ќе соработувам со новите сопственици и се радувам што ќе им помогнам да го обноват клубот”, изјави Мојс.

Шкотскиот тренер во текот на кариерата работеше во Престон, Манчестер јунајтед, Реал Сосиедад, Сандерленд и Вест Хем со кој пред две години постигна најголем успех во кариерата кога ја освои Лигата на конференции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eве кој би можел да го замени Иран на Светското првенство!

Претседателот на Фудбалската федерација на Иран, Мехди Тај, ја отвори можноста за нивно по…