ЖОЗЕ МУРИЊО го контактирал Кристијано Роналдо и го прашал дали би сакал да игра под негово водство во Фенербахче следната сезона, објави Еуроспорт.
За многумина обидот на Мурињо изгледа како невозможна мисија, ако се знае дека португалскиот напаѓач игра во Саудиска Арабија со годишна заработка од околу 200 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдо, кој во февруари ќе го прослави својот 40-ти роденден, е под договор со Ал Наср до крајот на јуни следната година. Вкупно за тој клуб одигра 79 натпревари со учинок од 68 гола и 18 асистенции.
Мурињо наводно му се јавил на Роналдо, му рекол дека слушнал гласини дека сака да ја напушти Саудиска Арабија, го прашал дали е среќен таму, а потоа дали ќе му се придружи во Фенербахче.
Директорот на клубот Марио Бранко, поранешниот спортски директор на Хајдук, веќе е во преговори со агентот на Роналдо, Жорге Мендеш, се додава на сајтот на Еуроспорт.