Дома Фудбал Ендрик со еден потег го збесна Анчелоти: Овој клуб не е циркус!

Ендрик со еден потег го збесна Анчелоти: Овој клуб не е циркус!

Со победа од 1:0 против Хетафе во 33. коло на Ла Лига, Реал пет натпревари пред крајот на првенството го задржа приклучокот со водечката Барселона. Актуелниот шампион има четири бода помалку од лидерот, а следи гостување во Барселона, па ова беше важна победа против Хетафе, која ја донесе Арда Гулер со гол во 21. минута.

Но многу убавиот победнички гол на едниот млад ас на Реал беше засенет од друг. Ендрик (18), кој минатото лето за 47,5 милиони евра дојде од Палмеирас, го налути тренерот Карло Анчелоти кога во 56. минута, изби пред голманот на противникот Давид Сорија и се обиде да го лобува, но не успеа. Тој го изведе тоа лошо, па му ја подаде топката. Анчелоти на тоа “видно се разлути,” пишува „Marca“. Набрзо по тој потег Ендрик беше и заменет. .

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


По натпреварот, Анчелоти одржа конференција за медиумите, а шутот на Ендрик и реакцијата на тренерот на тоа најмногу ги интересираа новинарите. Анчелоти коментираше: “Ендрик не смее да прави такви работи. Млад е и мора да учи, но такво нешто не постои во фудбалот. Кога ќе се најде сам пред голманот, мора да шутира што посилно. Ова не е циркус. “

Фото: Real Madrid C.F/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат фудбалер се сокри под креветот додека му ги киднапираа жената и детето

Сопругата и петгодишното дете на еквадорскиот фудбалер Џексон Родригез беа киднапирани дод…