Челси се договори со Интер за позајмица на белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку, кој го разочара тренерот Томас Тухел, но и навивачите на премиерлигашот.
Позајмицата на Лукаку ќе ги натера „сините“ да почнат со преодниот рок, па така прва желба на новото раководство на тимот е Рахим Стерлинг, кој е во немилост кај Пеп Гвардиола. Се споменува и името на Роберт Левандовски, кој би можел да биде идеална замена за Лукаку, но Полјакот има други планови, односно преселба во Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Уште една желба на тимот од Лондон е Кристофер Нкунку, но за него се заинтересирани многу клубови, меѓу кои се Манчестер јунајтед, ПСЖ, Арсенал, а „биковите“ за него бараат 100 милиони евра.
Уште една желба е Осман Дембеле, кој за неколку дена ќе стане слободен фудбалер, откако ќе му заврши договорот со Барселона.
Челси бара и нови дефанзивци, па така на листата со желби приоритет е Жил Кунде, но него го сака и Барселона.