Дома Фудбал Останато Eмотивното писмо со кое Лукаку се збогува од навивачите на Интер

Eмотивното писмо со кое Лукаку се збогува од навивачите на Интер

Ромелу Лукаку пред неколку дена беше промовиран во Челзи, а тоа беше крај на неговата ера во Интер каде што во две сезони стана миленик на навивачите.

Сега Белгиецот со емотивно писмо се збогуваше со своите навивачи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Драги фанови на Интер, ви благодарам што ме сакавте како еден од вас. Ви благодарам што направивте со моето семејство да се чувствуваме како дома во Милано. Ви благодарам за неверојатната поддршка и секојдневната љубов. Ви благодарам што ме мотивиравте уште повеќе по првата сезона. Кога дојдов во Интер, веднаш почвуствував дека ќе ми оди добро во овој клуб. Љубовта и пречекот кои ги доживев на аеродромот беа старт на прекрасна приказна. Тогаш си поставив мисија никогаш да не ве оставам додека го носам дресот на Интер. -Давав сѐ на секој тренинг, на секој натпревар и токму затоа сум горд. Нашата прва сезона заврши на најтешкиот можен начин, но вие ми дадовте сила да продолжам да притискам и потоа ние успеавме како тим. Токму затоа станавме шампиони заедно. Се надевам ми ја разбирате одлуката да се преселам во Челси. Ова е шанса која се нуди еднаш во животот и мислам дека е вистински период за да ја зграбам. Ова е шанса за која отсекогаш сонував. Една работа е сигурна, а тоа е дека јас секогаш ќе останам интерист затоа што без вас немаше да бидам играчот кој сум денес. Ви благодарам од дното на моето срце“, стои во писмото на Лукаку.

Ќе потсетиме, Лукаку за сума од 115 милиони евра направи трансфер во редовите на Челзи. Челзи веќе го одигра натпреварот од првото коло во Премиер лигата, но Лукаку се уште не дебитирал, се очекува да биде спремен наредниот викенд,.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …