Во средбата од 3.коло од Ц групата на Олимпискиот фудбалски турнир, Египет во Бордо ја победи Шпанија со 2:1, освојувајќи го првото место во групата и пласман во четвртфиналето. Понатаму како второпласирани одат и Шпанците.
Во натпреварот кој го реши првото место во групата, Египет поведе во 40. минута со голот на Ибрахим Адел, а истиот играч го постигна вториот гол во 62. минута.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанија во последните моменти од натпреварот намали на 2:1, а голот го постигна Омородион.
Во вториот натпревар од оваа група Узбекистан и Доминиканската Република одиграа 1:1. Нуњез ги доведе доминиканците во водство со гол од пенал во 51. минута, а израмни Одилов во 58. минута.