Како што стојат работите мечот помеѓу ПИК Сегед и Вардар во ракометната Лига на шампиони ќе биде одложен.
Од ЕХФ не се огласиле и засега молчат кога е овој дуел во прашање, но тоа што во Вардар ги откажаа и денес не направија тестови на Ковид-19 кои се задолжителни е јасен индикатор дека натпреварот нема да биде одигран.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вакво нешто и се очекуваше откако во ПИК Сегед пред два дена потврдија дополнитлни нови случаи на Ковид-19, скоро половина нивни тим е заразен што секако е проблем.
За Вардар ова ќе биде втор одложен натпревар во низа откако минатата недела беше откажан дуелот против Елверум кој Вардар требаше да го игра дома. Втор е и за ПИК Сегед кој во првото коло не играше против ПСЖ.