Изминативе години фудбалската репрезентација на Македонија одигра многу натпревари против Ерменија, а нови дуели со оваа селекција ќе имаме и оваа година во Лигата на Нации.
Македонија и Ерменија се паднаа во иста група за новото издание во Лигата на Нации, а тука се уште селекциите на Фарски Острови и Летонија. Последниот меѓусебен дуел кој го игравме против Ерменија беше од пријателски карактер и на таа средба одиграна во Струмица славевме победа од 3:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на Ерменија, Олександар Петраков зборуваше за очекувањата во групата и за него Македонија е прв фаворит за првото место.
„Имаме интересна група. Македонија е навистина добар тим и играше добро во квалификациите за Европското првенство. Денес нема слаби противници, сведоци бевме на многу квалитетни натпревари изминатата Лига на Нации. Според мене Македонија е фаворитот за првото место“, изјави Петраков.
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски исто така ги кажа своите очекувањата за групата и посочи дека наша цел ќе биде првото место, но никако не ги потцени и противниците (ТУКА).