Македонската фудбалска репрезентација имаше поволен ждреб на денешното извлекување на групите за новото издание на Лигата на Нации. Македонија ќе игра во група со Ерменија, Фарски Острови и Летонија.
Селекторот Благоја Милевски по добивањето на противниците не криеше дека целта е првото место во групата, иако неа ги потценува и противниците со кои сме играле во изминатите години.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
“Ако во претходните циклуси бевме во групи кои реално сакавме да ги избегнеме, овој пат тоа не е случај Во денешниот фудбал нема фаворити. Посакувам само да бидеме здрави. Имаме минати дуели со сите селекции во групата, јасно е дека имаме и позитивни и лоши искуства со овие противници. Мораме да бидеме целосно фокусирани.
Да имаме прав пристап против секој противник. Ерменија ја победивме на последниот меч на гости со 5:0, но да не заборавиме дека таму имаме и пораз од 4:0. Фарски Острови и Летонија влегуваат со свои пресметки и очекувања.
Секој противник носи различен пристап, но не бегаме од одговорноста и целта за нас е прво место во групата”, изјави Милевски.
Лигата на Нации започнува на 5. септември, а завршува 19. ноември, завршниот турни во А-лигата се игра од 4. до 8. јуни 2025. година.