
Сериозна драма се случи на Ју-Ес Опен минатата ноќ, бидејќи поранешната австралиска тенисерка Јелена Докиќ итно мораше да биде префрлена во болница.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, ѝ се слошило за време на преносот на мечот што го работеше за австралиската телевизија.
Таа по тој повод се огласи на Инстаграм. Истакна дека има голем фиброид кој ќе мора да го отстрани со операција. Нејзината објава ја пренесуваме во целост.
– Кога завршуваш на итна по завршување на дневното известување од Отвореното првенство на САД. Благодарна сум што ќе бидам добро.
Само сакав да го објавам ова како потсетник и предупредување за нашето здравје, особено за жените и нашето репродуктивно здравје. Имам прилично голем фиброид.
Фото: Принтскрин
.