Дома Фудбал Драма во Елче: Реал Мадрид двапати спасуваше „жива глава“ и на крај освои бод (Видео)

Драма во Елче: Реал Мадрид двапати спасуваше „жива глава“ и на крај освои бод (Видео)

Реал Мадрид повторно се сопна во Ла Лига, одигравајќи само 2-2 на гостувањето кај Елче – резултат што претставува третиот последователен натпревар без победа за „кралевите“ и второ реми во првенството.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


лче ја искористи ситуацијата и поведе во 53. минута со одлична акција крунисана од Фебас. Тоа го натера Алонсо веднаш да реагира, па во игра влегоа Винисиус, Валверде и Камавинга, но и покрај засилената офанзива, Реал тешко создаваше шанси.

Израмнувањето дојде по многу дискутабилна ситуација, кога Белингам ја контролираше топката со рака пред да му додаде на Хујсен, кој ја затресе мрежата на домашниот тим. Наместо да паднат по примениот гол, фудбалерите на Елче добија дополнителна енергија. Во 84. минута, по брз контранапад, Родригез повторно донесе водство за домаќините.

Сепак, Реал успеа да избегне комплетен дебакл. Неколку минути подоцна, Белингам ја искористи прецизната асистенција на Мбапе и погоди за 2-2, резултат што остана на семафорот до самиот крај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри даде сигнал да се започне со ангажман на Влаховиќ

Жозе Мурињо, уште пред формалното враќање во Реал Мадрид, го посочи Душан Влаховиќ како за…