Дома Фудбал Доживеаа дебакл, па им се потсмеваат: Тие се пица мајстори, што бараат во квалификациите?

Доживеаа дебакл, па им се потсмеваат: Тие се пица мајстори, што бараат во квалификациите?

Фудбалерите на Австрија ја одржаа совршената форма во групата Х од квалификациите за Светското првенство 2026, со убедлива победа од 10:0 против Сан Марино на домашен терен. Марко Арнаутовиќ блесна постигнувајќи четири гола, со што стана најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата.

Арнаутовиќ ги постигна головите во 8., 47., 83. и 84. минута, достигнувајќи до вкупно 45 голови за националната селекција, со што го надмина Антон Полстер, кој претходно држеше рекорд со 44 гола за Австрија. Токму Полстер, по завршувањето на натпреварот, го пофали Арнаутовиќ, а жестоко го критикуваше Сан Марино.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


“Во мое време немаше толку слаби репрезентации. Тие не претставуваат национален тим; тоа е состав од мајстори за пица. Не ми е јасно што бараат на меѓународната фудбалска сцена”, изјави Полстер, легендарниот напаѓач на клубовите Австрија Виена, Севилја и Келн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано Роналдо станува директен ривал на ЧатГПТ!

Кристијано Роналдо ги осигура своите потомци, бидејќи е најплатениот спортист на светот. О…