Дома Фудбал Донарума за Мусиала: Вознемирен сум, немав намера

Донарума за Мусиала: Вознемирен сум, немав намера

Голманот на Пари Сен Жермен Џанлуиџи Донарума изјави дека немал намера да го повреди фудбалерот на Баерн Џамал Мусиала.

Мусиала ја скрши левата потколеница по дуелот со Донарума во петок навечер во финишот на првото полувреме на четвртфиналниот натпревар на Светското клупско првенство.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Голманот на Баерн, Мануел Нојер, го критикуваше Донарума за тој старт, велејќи дека бил подготвен да прифати ризик да го повреди противникот.

Во кратко соопштение испратено до „Газета дело Спорт“, Донарума објасни како се чувствува.

„Вознемирен сум од тоа што се случи. Никогаш не ми беше намера да го повредам Мусиала“, изјави италијанскиот голман.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Само тројца играчи на Реал Мадрид не се простија од Чаби

Чаби Алонсо од понеделникот повеќе не е тренер на Реал Мадрид. Тој беше сменет ден по пора…