Дома Фудбал Доминацијата продолжува: ПСЖ е шампион на Франција!

Доминацијата продолжува: ПСЖ е шампион на Франција!

Фудбалерите на Пари Сен Жермен повторно се најдобри во Франција.

“Свеците” на својот терен во натпревар од 28-то коло на Лига 1 го победија Анже со 1:0 и стигнаа до 13-та титула на национален првак, четврта последователна, шест кола пред крајот на првенството.

Голот за победа овој попладне го постигна младиот Дезире Дује на асистенција од Хвича Кварацхелија во 55-та минута.

Паризаните така стигнаа до 74 бодови, дури 24 повеќе, со еден натпревар повеќе, во однос на првиот следбеник Монако.

ПСЖ моментално е најуспешниот тим во Франција со 13 освоени титули шампион. Ги следат Сен Етјен и Олимпик од Марсеј со по 10.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Maнчестер Сити го претстави Бразилецот од 40 милиони евра

Фудбалерот од Бразил, крилниот играч Алан Елијас кој досега настапуваше за Палмеирас, ја з…