Дома Фудбал Доколку Барселона не го реши овој проблем, Олмо е слободен играч од Нова година

Доколку Барселона не го реши овој проблем, Олмо е слободен играч од Нова година

Дани Олмо ќе остане во својата сакана Барселона?

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Олмо го одигра својот последен натпревар во 2024 година против Атлетико Мадрид, а тоа потенцијално може да биде неговиот последен натпревар за Барселона.

Доколку Каталонците не му го решат проблемот со регистрацијата, тој ќе биде слободен од 1 јануари, а ќе треба да му платат до 2030 година.

Поранешниот играч на Динамо моментално е пријавен само за првиот дел од сезоната, користејќи посебна одредба од Ла Лига која дозволува замени за повредени играчи. Барселона тогаш искористи 80% од сумата наменета за платите на повредените Роналд Араухо и Андреас Кристенсен.

Сепак, правилата не дозволуваат пререгистрација на ист играч во иста сезона, што му создава проблем на Олмo и неговата достапност во остатокот од првенството.

Затоа денеска во судот во Барселона се на едната страна фудбалскиот клуб Барселона и на другата страна Игнасио Фернандез де Сенеспледа, судијата на Ла Лига. АС пишува дека одлуката дали на Олмo ќе му биде дозволено да се регистрира ќе биде донесена на 27 декември, но дека денеска е првиот состанок на оваа тема.

Тие пишуваат и дека Барселона е убедена дека нејзиното барање ќе биде решено позитивно бидејќи за тоа одлучува судијата кој во сличен случај му дозволил на Гави да игра за Барселона.

АС исто така тврди дека минатата недела во Барселона имало состанок меѓу Дани Олмо, неговиот татко Мигел и адвокатот Рамон Валенсија и врвот на Барселона, а на тој состанок на Олмо од раководството на Барселона му било кажано дека ќе биде регистриран до крај од договорот, поточно до летото 2030 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе за Парагвајците: Мислеа ќе дојдеме во смокинг, а ние ги победивме во нивната игра

Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе истакна дека неговата репрезентација го совлада…