
Промоторот на Ентони Џошуа (36), Еди Херн, призна дека постои можност британскиот тешкаш никогаш повеќе да не се бори професионално. Оваа изјава доаѓа по сообраќајна несреќа во која на крајот од декември загинаа двајцата негови најблиски пријатели, што ја направи иднината на боксерот неизвесна, пишува „Дејли Мејл“.
Во несреќата близу Лагос загинаа кондицискиот тренер на Џошуа, Сина Гами и личниот тренер Латиф “Лац” Ајоделе. Нивните погреби беа одржани во недела, на 4 јануари, во џамија во Лондон. Џошуа ја избегнал смртта затоа што непосредно пред да тргнат го променил седиштето во возилото. Новата година ја поминал во болница, по што се вратил дома во Лондон на 2 јануари.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Еди Херн, кој е со Џошуа од самиот почеток на неговата професионална кариера во 2013 година, првпат проговори за ситуацијата. “Немав прилика да го видам од таа страотна несреќа”, кажа за IFL. “Се обидува да се справи со сè. Физички се опоравува од повредите што ги претрпел. Тоа не се повреди што долгорочно ќе имаат влијание на него, но ќе му треба време”, објасни Херн.
“Боксот е тежок и груб спорт. Не можете само така да се вратите во кампот со такви повреди и не знам кога ќе се врати, или дали воопшто ќе се врати во кампот. Во моментот нема разговори ниту потреба за разговор за тоа”.