Дома Фудбал Останато Џон Џонс откри дека има болест поради која можеби повеќе никогаш нема да се бори

Џон Џонс откри дека има болест поради која можеби повеќе никогаш нема да се бори

Еден од најголемите борци во историјата на мешани боречки вештини, Jon Џонс (38), откри дека се бори со тешка здравствена состојба која би можела нагло да ја прекине неговата славна кариера. Џонс, кој доминираше во две тежински категории, се соочува со противник што можеби нема да може да го порази: времето и последиците кои го носи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Џонс се појави на сцената како тинејџерско чудо и брзо стана најмладиот шампион во историјата на UFC. Повеќе од десет години победуваше врвни предизвикувачи, од Даниел Кормие до Александр Густафсон, и доминираше во две тежински категории благодарение на својата вештина и боречка интелигенција. Ретки се борците кои некогаш со таква леснотија го контролирале октагон.

Иако долго беше на самиот врв, повредите ретко го успоруваа. Сепак, времето се чини е единствениот противник што не може да го надмине. И покрај гласините за неговото враќање и желбата да додаде нови успеси на веќе импресивна кариера, иднината во октагон сега е под голем прашалник.

„Имам тежок артритис, а повеќето луѓе не го знаат тоа”, рече Џонс. „Левиот колк ми е целосно зафатен од артритисот. Всушност, веќе сум кандидат за операција за замена на колк. За време на последниот тренинг камп, одев да спијам со големи болки.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џастин Гејчи го шокираше целиот свет и му го промени личниот опис на Топурија (Видео)

Џастин Гејчи го изненади целиот свет. Во брутална борба, една од најголемите досега, која …